ИМИЏ - ИНТЕРНАЦИОНАЛ е создадена во 2000-та година како членка на групацијата "ИМИЏ ПЛУС".
Резултатот на проширувањето на производствените можности и зголемувањето на материјалите за рекламната индустрија е еден од условите за ИМИЏ - ИНТ да прерасне во еден од поголемите увозници на рекламни материјали како за своите производствени единици:
1. ИМИЏ ПЛУС - дигитален печат
2. ХОНОР - рекламни паноа и светлосни реклами
3. ИНТЕР ББ - ситопечат продукција
Покрај овие единици, ИМИЏ - ИНТ на располагање им стои и на останатите производствени фирми во овие дејности во Македонија и пошироко. Тоа се потврдува со отварање на наша дилерска мрежа во: Србија, Косово, Албанија, Бугарија и Грција.
ИМИЏ - ИНТ во текот на овие години од нејзиното постоење искуси многу производители на материјали и ги одбра најдобрите брендови од оваа сфера на работење, така што стана ексклузивен увозник и дистрибутер на фирмите:
- POLYU - ITALIA >> ПОЛИКАРБОНАТ
- PLAZIT - IZRAEL >> ПЛЕКСИГЛАС
- UNIFOL; TECMARK >> PVC ФИЛМ за плотери, медија за дигитален печат и сито печат
- MT-DISPLAYS >> Саемски, презентациони и рекламни алуминиумски дисплеи
- ALUM - IMAGE >> алуминиумски профили за светлосни реклами, произведени по споствени матрици.
ИМИЏ - ИНТ во своето работење има отворено и продавница за канцелариски материјали, материјали за уметници, архитекти и студенти.
Тенденцијата на ИМИЏ - ИНТ за во блиска иднина е отварање на ланец на вакви продавници, како во Скопје исто така и во поголемите центри во Македонија.